價格:免費
更新日期:2018-09-19
檔案大小:51.8 MB
目前版本:2.0.1
版本需求:需要 iOS 8.0 或以上版本。與 iPhone、iPad 及 iPod touch 相容。
支援語言:英語, 阿爾巴尼亞文
NLB mProKlik е услуга на NLB Банка АД Скопје и претставува апликација за мобилен уред која овозможува преглед на Вашите сметки од денарски платен промет во Банката и спроведување на Вашите финансиски трансакции на сосема безбеден начин. Услугата е достапна 24 часа на ден, седум дена во неделата. NLB mProKlik услугата може да се користи со iOS верзија 6.0 или понова.
Можности на NLB mProKlik апликацијата:
- Преглед на состојба и промет на сите денарски трансакциски сметки и картички
- Преглед на листа на изводи, експортирање и испраќање на изводот преку инсталираните комуникатори на мобилниот уред
- Можност за плаќање на ПП30/ПП50 безготовински налози со еден клик само за корисниците кои имаат единечен потпис на NLB ProKlik
- Користење на примероци и снимени налози дефинирани преку web апликацијата NLB ProKlik
- Можност за работа со апликацијата од повеќе мобилни уреди
- Преглед на курсна листа.
- Интерактивен локатор на Експозитури/Банкомати
- Можност за примање на известувања од банкатa
- Понуда на Банката за информации за сите продукти за правни лица
- Можност за контакт со банката преку телефон или e-mail
- Наследување на корисничките права и привилегии дефинирани за NLB ProKlik
Начин на пријава на NLB mProKlik апликацијата:
За да започнете да ја користите мобилната апликација потребно е да сте корисници на NLB ProKlik од каде можете да генерирате код за активацијата кој го внесувате или скенирате QR кодот преку NLB mProKlik после што ќе Ви се испрати код за пристап преку SMS на мобилниот број кој го дефиниравте. Потребно е кодот добиен преку SMS да го внесите во предвиденото поле. Активацискиот код може да се искористи само еднаш. По точно внесениот код, се отвора екран каде самостојно креирате ПИН кој понатаму ќе го користи за најава на апликацијата и истиот ќе до знаете само Вие. Самостојно, користејки ја web апликацијата NLB ProKlik, можете да активирате NLB mProKlik на повеке уреди, да ја деактивирате NLB mProKlik и да го ресетирате постојниот ПИН за NLB mProKlik.
Доколку не сте корисник на електронско банкарство, пријавите се за услугата во која било експозитура на NLB Банка АД Скопје после што ќе можете да ја активирате NLB mProKlik и дефинираните привилегии ќе можете да ги користите и преку NLB mProKlik
Сигурност на NLB mProKlik апликацијата:
• Апликацијата е заштитена од копирање и инсталирање на други телефони
• Апликацијата се исклучува автоматски по неколку минути некористење.
• Апликацијата се заклучува автоматски по 3 погрешни внесови на ПИН код.
• Податоците за сметките на корисникот и ПИН кодот не се чуваат на мобилниот уред
支援平台:iPhone